Министерот Миле Јанакиевски заедно со Градоначалникот м-р Владимир Талески и градоначалниците на Пелагонискиот регион пред стопанствениците ги презентираа активности од проектот ,,Подготовка на проектни студии и проектна документација за железничките делници долж коридор Х и кракот Хд (Куманово-Дељадровце, Делчево-Велес и Битола-Кременица) “
Акцент беше ставен на трите проекти за подобрување на железничката и патната инфраструктура во Пелагонискиот регион, со вкупен износ од 8,6 милиони евра, пари одобрени преку ИПА програмата. Првиот се однесува на рехабилитација на пругата Битола-Кременица со изградба на нов крак кон Индустриска зона Жабени.
Останатите два се однесуваат на рехабилитација на пругите долж коридорот X кон Велес, Битола и Прилеп.