На 1ви Октомври,во Лерин-Република Грција, во просториите на Развојната Агенција на Лерин- АНФЛО, беше одржан 2 Работен состанок, во рамките на Проектот “ FIRESHIELD”.
На овој работен состанок беа присутни претставниците на Проекниот тим од 5-те партнерски организации: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион, Развојна Агенција на Лерин-АНФЛО, Општина Битола, Општина Прилеп и Регионот на Западна Македонија.
На овој состанок се дискутираше за активносите кои се имплементирани , како и за активностите кои ќе се имплементираат во текот на наредниот период.