Евро регионална соработка

Евро регионална соработка

  

   На 15 и 16.06.2005 година со почеток во 10 часот, во Хотел „Молика“ се одржа Вториот состанок на Управниот одбор за Евро егионална соработка.
   Целта на состанокот беше подготовка на финалниот документ – План за идните активности.

 

   Ha состанокот присуствуваа: Градоначалникот на Општината Битола г-дин Владимир Талески, директорот на Проектот за прекугранична соработка во Европа – претставник на Ист-Вест институтот г-ѓа Саша Хавличек, претставници на локалната власт од Република Грција и Република Албанија, Центарот за интербалканска соработка Кожани (Република Грција), Регионалната агенција за развој од Корча (Република Албанија), Регионаолниот центар од Битола и Градоначалниците од Прилеп, Охрид, Ресен, Струга и Крушево.
   Ha состанокот се разговараше за досегашните искуства од Европа за прекуграничната соработка, за идниот план за развој на регионот и усогласување на развојните приоритети на евро регионот и за едукација на одговорните лица за аплицирање и користење на европските фондови за прекугранична соработка.