Банка на идеи

Банка на идеи

 

Банка на идеи

 

         По иницијатива на градоначалникот на општина Битола
г-дин Владимир Талески во општината отворена е канцеларија за подготвување на проекти и аплицирање до фондации.

Целта на оваа канцеларија е да биде место каде сите граѓани, здруженија или институции кои имаат определена идеа или проект кои се од интерес на општината да добијат подршка и помош за нивна реализација. Ова е во насока на заложбите на градоначалникот г-дин Владимир Талески за отвореност во работата и можност на сите креативни луѓе да дадат свој придонес во развојот на градот.

Заинтересираните граѓани, здруженија или институции своите предлози можат да ги достават до општината или на
e-mail:  bankanaidei@bitola.gov.mk или лично во општината во Канцеларијата за подготвување на проекти и аплицирање до фондации. Воедно можите да не контактирате и на телефон  047/208-333 секој работен ден од 10:00 до 14:00 часот.