СВЕЧЕНО ЗАТВОРЕНО 15 ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ НА МОНОДРАМА

СВЕЧЕНО ЗАТВОРЕНО 15 ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ НА МОНОДРАМА

Со доделувањето на наградите свечено беше затворено 15 издание на Фестивалот на монодрама Гран при за најдобрата претстава во целост – Гимбел лудиот од И. Б. Сингер, режија и актер Хауард  Рип, од Нефеш театар од Израел, признание за најдобар млад актер – Марина Куклина од Киев, Украина, за изведба на претставата Шоша од автор И. Б. Сингер и режија на Андреј Мај.
Едноставен, чеден, поетски, глумачки израз.Специјално признание за најдобар перформанс – Саундтракот на мојот живот, во изведба на Елиас Фајнгерш, Малме, Шведска.
Награда од публика (со поддршка од жири) ја додели Градоначалникот на општина Битола, м-р Владимир Талески, за монодрамата 10 прашања во изведба на Луминица Борца од театар Антон Пан Валчеа, Романија, а во режија на Адонис Филипи.