ОСМА ФОРУМСКА СЕСИЈА – ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

ОСМА ФОРУМСКА СЕСИЈА – ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

 
Во рамките на Програмата Форуми во заедницата , се одржа осмата последователна форумска сесија на која беа презентирани резултатите од форумскиот процес односно 4 проекти кои се реализираа :
–   „Спортски комплекс во учелишниот двор на село Кишава“ ( изграден спортски терен и поставени спортски реквизити)
 – „Тумбе кафе како спортско рекреативен комплекс“( израмнета трим патека, монтирани корпи за отпад, клупи и реквизити за вежбање),
–    „Тумбе кафе-основна инфраструктура“ ( набавени и монтирани канделабри, рефлектори)
– „Тумбе кафе како културно историска знаменитост и можност“(изградена летна сцена).
Вкупната вредност на  проектите изнесува шест милиони денари од кои два милиони се учество на општината , а четири милиони денари донација на СДЦ.
Присутните ги поздрави Градоначалникот Владимир Талески и претставници на Швајцарската агенција за развој и МЦМС кои ја  кооординираа и спроведуваа програмата.