Во присуство на Специјалниот претставник на ЕУ и Амбасадор на Н.Е Ерван Фуере во хотел Епинал на 13 јуни беше потпишана Декларација за чесни, слободни и демократски парламентарни избори во РМ на локално ниво. Декларацијата ја потпишаа сите политички партии кои учествуваат во изборниот процес со свои кандидатски листи на пратеници , како и Градоначалникот на Битола, Владимир Талески а во име на Општината Битола.