МЕЃУНАРОДЕН СЕМИНАР ЗА ТРЕНЕРСКИ ЛИЦЕНЦИ ВО БИТОЛА

МЕЃУНАРОДЕН СЕМИНАР ЗА ТРЕНЕРСКИ ЛИЦЕНЦИ ВО БИТОЛА

 

Тренери од главните клубови во Република Македонија, Србија и други држави денеска се собраа во Битола, на меѓународниот семинар за добивање на тренерска лиценца за реален АИКИДО во организација на АИКИДО федерацијата на Македонија. Битола како главен аниматор во државата, веќе доби и седиште на Светскиот центар за реален АИКИДО:
„Тоа е редовна активност согласно календарот на АИКИДО федерацијата на Македонија и имаме голема чест и задоволство да го претставиме и да го примиме во нашите редови претседателот на Светскиот центар за реален АИКИДО г-дин Љубомир Врачаревиќ кој е носител на мајсторски појас 10 ти дан. АИКИДО федерацијата на Македонија е членка на светскиот центар за реален аикидо која обединува преку 50 земји членки од целиот свет и морам да кажам дека Битола е главниот аниматор во Република Македонија, а од неодамна имаме седиште на Светскиот центар за реален АИКИДО кое треба да се озваничи во мај месец за Балканските земји и тоа за Романија, Бугарија, Албанија, Турција, Грција и Македонија. Главното седиште ќе биде тука, а јас како претставник на бордот на директори на Светскиот центар ќе ја водам таа работа, а воедно и како добитник на највисоко признание доделено од Евроската куќа на славни, единствен македонец сум претставник во Европската куќа на славните за боречки вештини, изјави Ѓуро Илиќ, претседателот на реален АИКИДО на Македонија.

Претседателот на Светскиот центар за реален АИКИДО Врачаревиќ, во Битола ја искажа својата радост што на едно место се собраа сите мајстори и тренери кои водат клубови за реален аикидо, клубови за самоодбрана.

Градоначалникот М-р Владимир Талески изразувајќи ја својата желба и поддршка за што поголеми спортски успеси во сите дисциплина им посака пријатна работа на сите учесници.