Градоначалникот Талески и Директорот на ЈП „Водовод” Илиоски свечано ја пуштија во употреба новата хидроцентрала.
Јачината на хидроцентралата е 360 кw приклучена на водоводниот систем и ќе работи нон-стоп цела година 24 часа со варијација на нејзината јачина во зависност од количината на водата која константно се пушта во водоводниот систем. Хидроцентралата е изградена со средства на јавното претпријатие и е во вредност од 30 милиони денари.