Градоначалникот Талески имаше средба со хрватскиот конзул во Битола г-дин Бранко Маретиќ и г-дин Јордан Атанасоски бизнисмен од Р.Хрватска. Тема на разговор беше можноста за бизнис соработка помеѓу Битола и Бјеловар –Р.Хрватска во областа на стопанството, трговијата, земјоделието со можност за отварање на ланец на стоковни куќи . Исто така се разговараше за соработката со невладините организации и градењето на партнерство со локалната самоуправа во аплицирањето во европските фондови.