СЕ ГРАДИ ПОВЕЌЕНАМЕНСКО ИГРАЛИШТЕ КАЈ ОУ ДАМЕ ГРУЕВ

СЕ ГРАДИ ПОВЕЌЕНАМЕНСКО ИГРАЛИШТЕ КАЈ ОУ ДАМЕ ГРУЕВ

Во тек е изградбата на повеќенаменско игралиште кај основното училиште Даме Груев. Со изградбата на ова игралиште подобри услови за спортување ќе добијат учениците од ова училиште, но и жителите од оваа урбана заедница:
“Овде од програмата на Агенцијата за млади и спорт имаме изградба на едно повеќенаменско игралиште кое што започнува денес да се реализира. Се работи за еден простор кој што ќе има две кошаркарски игралишта, едно ракометно игралиште и останатиот дел од дворот се остава за два коша и едно ракометно игралиште“, изјави М-р Владимир Талески, Градоначалник на општина Битола.
Вредноста на проектот е околу 100 000 евра, а истиот ќе биде завршен во месец септември.