Градоначалникот на Општина Битола М-р Владимир Талески закажа итен состанок на општинскиот штаб за заштита и спасување на кој беше разгледана новонастанатата ситуација после обилните дождови при што беа договорени конкретни мерки за справување со ситуацијата.
На итната седница беа донесени мерки за брзо справување со надојдените води во реката Драгор кои предизвикаа проблеми во населбите Горно и Долно Оризари и во селото Лера, како и во неколку други села.
„Ангажиравме механизација, багери и други ресурси за превентивно делување. Потенцијала опасност може да биде и високото ниво на Црна Река која сега е на висина од 3,60 метри, но по 24 часа се очекува зголемување на нивото и на оваа река, изјави Јошевски.