Хортикултурно уредување и пешачка патека пред Детска градинка „Пролет“

Хортикултурно уредување и пешачка патека пред Детска градинка „Пролет“

Хортикултурно уредување и нов тротоар наскоро ќе го разубави просторот пред детската градинка Пролет. Покрај естетската вредност, ваквото уредување има и големо безбедносно значење. Градоначалникот на општина Битола, М-р Владимир Талески денеска на терен информираше за ваквите активности кои ќе бидат преземени пред сите институции во кои учат или се згрижуваат деца:
„Се наоѓаме пред градинката „Пролет“. Овде имаше еден проблем на кој што ни укажаа вработените и родителите кои што ги носат децата тука. Се работеше за просторот пред градинката кој подолго време беше неуреден. Разговаравме и се договоривме просторот пред сите наши градинки да го средиме со тротоари. Конкретно на овој простор имаме изградба на тротоар во должина од 460 метри и вредност од 200 000 денари. Децата ќе бидат побезбедни, а покрај новиот тротоар ќе има и нови зелени површини. Тротоари ќе бидат изградени и пред сите основни училишта, а секако и средни каде што за тоа има потреба“, зјави Градоначалникот на општина Битола, м-р Владимир Талески.
Во изминатиот период во насока на подобрување на условите во детските градинки интервенирано е во реконструкција на детските градинки, нова дограма, како и комплетно подобрување на условите во кои децата го поминуваат најголемиот дел од денот. Големата грижа за овие установи ја потврдија и жителите од непосредната околина на детстката градинка Пролет јавно искажувајќи поддршка за градоначалникот и локалната самоуправа и потврдувајќи дека бенефитот од досегашните проекти за нив е најголем.