Реконструирани улици во нас. Бадембалари

Реконструирани улици во нас. Бадембалари

Распределбата на средствата од буџетот на општина Битола се врши според потребите на одделни делови од општината, а детектирањето на потербите секогаш е во соработка со граѓаните. Потврда за тоа се и големиот број инфраструктурни проекти реализирани во урбаниот и руралниот дел. Градоначалникот Владимир Талески денеска на терен информираше за активностите во населбата Бадембалари:

„На улица деветта интервениравме во подземната инфраструктура, како и на коловозот. Водоводната и канализационата мрежа во должина од 330 метри беа заменети во првата и втората фаза, по што следуваше третата фаза во која улицата деветта беше асфалтирана. Вкупниот износ на досегашните интервенции во овој дел изнесува над 6 500 000 денари. Интервенциите се во тек и на улицата 8 – ма која се наоѓа во близина и сега сме во фаза каде што е заменета водоводната мрежа, по што ќе следуваат дополнителни интервенции и на коловозот. На ова место во континуитет имавме соработка со жителите и како резултат на нивните барања реализиравме еден крак на улица 5 та. Во подготовка сме и на улица 11 –та“, изјави Градоначалникот на општина Битола м-р Владимир Талески.

Најстариот жител од населбата Бадембалари јавно се заблагодари за покажаната грижа во изминатиот период:

„Јас сум најстар жител на Бадембалари. Тука сум од 1960 година и досега не се имаше ниту асфалт турено, ништо. Газевме низ калливи улици. Сега имаме асфалт и квалитетно водоснабдување. Оваа е најстара населба во Битола, а досега беше најзапоставена. Благодарение на градоначалникот добивме и вода и канализација и осветлување, се што ни беше потребно“, изјави жител од населба Бадембалари.