Улица Струшка ќе добие нов асфалт

Улица Струшка ќе добие нов асфалт

Грижата за добрите инфраструктурни услови во градот која континуирано ја покажува локалната самоуправа во општина Битола, денеска на терен ја потврдија и жителите од улица Струшка. Оваа улица на која повеќе од 40 години не се интервенирало, изминатиов период доби нова водоводна и канализациона мрежа во должина од над 300 метри, за што инвестирани се ооколу 2 000 000 денари.Шесте краци на оваа улица во должина од 600 метри подготвени се за асфалтирање:
„Се наоѓаме на улица Струшка каде што во изминатиот период извршивме промена на водоводната и канализационата мрежа, а деновиве Гранит влегува со асфалтирање. Вкупната вредност за асфалтирање на оваа улица изнесува 6 000 000 денари“, изјави Градоначалникот на Општина Битола М-р Владимир Талески.