Жителите од ул.23-та за прв пат добија асфалтирана улица. Асфалтирањето е завршено деновиве во должина од 500 метри, а претходно беше извршена промена на водоводната и канализационата мрежа. Вкупната вредност на проектот е во висина од 10 000 000 денари.
„Рамномерното распоредување на финансиските средства на целата површина на општина Битола придонесе и овој проект да го завршиме, сменета е водоводната мрежа канализацијата, а во текот на вчерашниот ден го завршивме и делот на асфалтирање“, изјави Градоначалникот на општина Битола М-р Владимир Талески.
Жителите денес го потврдија своето задоволство од реализацијата на овој значаен проект со кој значително се подобрија условите во овој дел од Битола.