Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески денес врачи 17 решенија за легализирани објекти на семејства кои во изминатиот период поднесоа комплетна документација. Од поднесените 12 577 барања во изминатиот период општина Битола има издадено 2000 решенија за легализација на бесправно изградени објекти, со што оваа општина е помеѓу најдобрите во државата:
„Во Битола евидентирани се над 12.500 барања, но најголем дел од нив се со нецелосна документација. Денес доделивме 17 нови решенија со кои се легализираат нови објекти кои на сопствениците им овозможуваат сигурност и можност за преземање на други мерки. Овие објекти ќе бидат впишани во деталните урбанистички планови, изјави Градоначалникот Талески.
Присутните граѓани ја изразија својата искрена благодарност за успешното завршување на процесот на легализирање на објектите, со што за нив се решава прашање од животна важност. Во идниот период се очекува динамиката на издавање на решенија за легализација да се интензивира затоа што оваа постапка ја водат посебно обучени тимови во општинската администрација, а граѓаните се побрзо ја комплетираат потребната документација.