Делегација од Република Турција предводена од македонскиот амбасадор во Република Турција Горан Таскоски денес ја посети општина Битола при што беше потпишан меморандум за соработка помеѓу општина Битола и Измир. Измир има над 4 000 000, каде што живеат 400 000 македонци. Потпишаниот меморандум ќе значи зајакнување на идната соработка: економска, стопанска, соработка во културата и заедничка афирмација на сите вредности на Измир и Битола. Со потпишаниот меморандум во оваа соработка ќе севклучат и градоначалниците од Измир. Амбасадорот Таскоски најави дека после локалните избори ќе може да се зборува и за конкретните инвестиции во Битола кои се веќе договорени.