ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ТЕЛЕТЕРМ

ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ТЕЛЕТЕРМ

Во интерес на жителите на двете општини, Битола и Новаци, локалните самоуправи, предводени од градоначалниците М-р Владимир Талески и Лазар Котевски, кои водејќи се од нивните заложби и идеи за побрз економски развој и чекор со ЕУ стандардите, аплицираа во ИПА програмата за прекугранична соработка со Р.Грција со проектот „Пренос на знаење за централно греење во Битола и Новаци. Денес се одржа завршна конференција во рамките на овој проект:

„Како што кажавме ние гарантираме континуитет и веќе продолжуваме со еден од најважните проекти што ги најавивме, тоа е топлификација на Битола, односно топлификација на регионот. Топлинската енергија која што треба да излези од РЕК Битола, преку општина Новаци, до општина Битола со еден крак за Могила подразбира многу подготовка. Ова е еден многу интересен европски проект – ТЕЛЕТЕРМ, каде што искуствата кои што ги имаат нашите соседи во Грција, со голема поддршка на фондовите од Европска унија, како и нашето досегашно искуство се сумира во еден убав проект наречен ТЕЛЕТЕРМ кој што значеше истражување, физибилити студија, значењето, спецификите, како да се поврзат општинските згради, останатите објекти итн. Денеска е завршната конференција, а вредноста е околу 160 000 евра за двете општини. Општина Битола има 100 000, а општина Новаци 60 000 евра, а другиот дел е во соседството во Лерин и останатите општини. Проектот е многу значаен затоа што тука ги имаме сите податоци, сите искуства, за да влезиме во подготовка на нашиот проект, кој што со одлука е поддржан од Владата на Република Македонија, а ЕЛЕМ е задолжен да направи свое акционерско друштво, нешто што веќе е завршено и веќе ја имаме изготвената физибилити студија, а продолжуваме со изготвување на проект кој што ќе значи изготвување на главен проект за топлификација на регионот. Искуството со ТЕЛЕТЕРМ ни помага за побрза и дефинитивна реализација на топлификација проект кој треба да биде завршен во следните 4 години“, изјави М-р Владимир Талески, Градоначалник на општина Битола.

Целта на проектот ТЕЛЕТЕРМ беше да се пренесе знаење и искуство за централно греење од Аминдео на Битола и Новаци. Проектот пак за топлифицирање на регионот со топлинска енергија од термоцентралата РЕК „Битола“ датира уште со изградбата на самата термоцентрала. Со реализацијата на овој проект преку направените истражувања и изработените технички студии уште еднаш се потврди потребата, но и оправданоста како економска, така и од аспект на животната средина за што побрза изградба на систем за искористување на топлинската енергија од термоцентралата РЕК Битола.

„Завршната конференција на овој голем проект ја завршуваме во Новаци. Овој проект носи голем бенефит за нашето население. Овој долгогодишен сон за парно греење на овој регион се остварува, а бенефитот го гледам во одгледување на оранжерии и пластеници бидејќи имаме многу плодно земјиште во општина Новаци, заинтересираноста е многу голема, а нашето население ќе се ангажира околу спроведувањето на овие работи. Црпејќи ги искуствата од општина Аминдео, Република Грција ги спроведивме кај нас. Проектот завршува, а градежните работи ќе почнат 2014 година и мислам 2017 година веќе ќе биде ставено во употреба, изјави Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

На денешната завршна конференција присуствуваа и претставници од Европската унија:

„Драго ми е што сум денес тука, како претставник на ЕУ да го прославам затворањето на овој проект и мислам дека е многу важен проект затоа што поврзува две објективи кои се примарни цели на ЕУ: прекугранична соработка, меѓународна соработка и енергетска ефикасност на Република Македонија. Прекуграничната соработка, меѓународната соработка, всушност не е само соработка за да се имплементираат некои проекти, туку тоа претставува начин како да се одржува културна соработка помеѓу два народи кои се претставници на Европската унија и оние кои сакаат да аплицираат за ЕУ со цел да се имплементираат стандардите и нормите на однесување на земјите во ЕУ со земјите апликанти. ЕУ ценеше дека прекуграничната соработката со Република Грција и Република Македонија е од големо значење за Македонија и Грција еднострано. ЕУ вложи 27 милиони евра во овие проекти за прекугранична соработка и се надева дека тие средства ќе бидат разумно искористени од двете страни. Со тоа што уште 2 000 000 евра се одобрени од властите во Македонија за овој проект. ЕУ цени дека вложувањето во енергетска
та ефикасност е многу важно и сакам да потенцирам дека РМ треба да вложи околу 2,3 милијарди евра со цел да ги исполни нормите и стандардите кои што ги налага ЕУ. Европската унија се надева дека ќе продолжи со континуирана соработка и инвестиции во Република Македонија со цел да се исполнат стандардите на ЕУ, изјави г-ѓа Ингрид Сагер, раководител на одделение, регионален развој, социјална политика, земјоделство, меѓугранична соработка.