Се реконструира улица 29 – ти Ноември

Се реконструира улица 29 – ти Ноември

Градоначалникот на општина Битола, М-р Владимир Талески денес на прес конференција информираше за активностите кои започнаа на улица „29 ти ноември“.
„Овде имавме повеќе зафати, денес имаме зафат на улицата 29 Ноември, тоа беше проект кој ги зафаќа и Ленинова и Кирил и Методиј. Целиот зафат е околу 6 милиони 6.700.000 денари, а овој зафат е 2 милиони денари. Продолжуваме понатаму да ги правиме нашите дела, изјави м-р Владимир Талески, градоначалник на Општина Битола.
Присутните граѓани ја поддржаа реализацијата на овој доста значаен проект за сообраќајот во градот:
-Доста фрекфентна улица, со нејзиното уредување ќе добиеме сите како граѓани, велат граѓаните.