Започнаа активностите за реконструкција ан водоводната мрежа на улица Солунска. Градоначалникот на општина Битола на терен информираше за активностите во овој дел на општина Битола:
-Се наоѓаме на улица Солунска, каде започнаа активности за започнување на водоводна мрежа, овде имавме неколку интервенции изминатите сезони, изјави Градоначалникот М-р Владимир Талески.
Граѓаните кои излегоа да ги поздрават денешните активности неможеа да ја скријат својата благодарност:
-Ние како граѓани сме многу задоволни и благодарни, велат граѓаните.