ЈОХАН ТАРЧУЛОВСКИ ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА

ЈОХАН ТАРЧУЛОВСКИ ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА

На покана на градоначалникот на општина Битола М-р Владимир Талески, големиот македонски херој, Јохан Тарчуловски денеска ја посети општина Битола, каде што се сретна со голем број свои пријатели, поддршувачи и граѓани. Денешната агенда на Тарчуловски и Градоначалникот Талески започна од кабинетот на градоначалникот, по што следуваше топла средба со здружението на бранители исплнета со многу прегратки и поздрави, но и солзи кои потсетуваат на едно болно минато од поновата историја на Македонија.
„Јохан со личен пример покажа како навистина се сака својата татковина. Денеска ја имавме честа и направивме една програма да се сретне со што повеќе граѓани затоа што знам дека многумина сакаат да имаат средба со Јохан. Ова е исклучителен човек кој плени со својата скромност, со својата храброст и своето достоинство и со личен пример кој е една убава лекција за сите нас. Тој е човек кој застана на браникот на својата татковина. Тоа е пример за сите нас и за сите идни генерации. Јохан е дел од историјата на македонскиот народ и Македонија“, изјави градоначалникот на општина Битола М-р Владимир Талески.
Градоначалникот на општина Битола на Тарчуловски му подари плакета со грбот на општина Битола, обележје коешто го добива секој значаен гостин кој доаѓа во општина Битола. Од општинската зграда здружението на бранители, заедно со Јохан Тарчуловски и Градоначалникот Талески положија цвеќе пред споменикот „Ангел“ посветен на загинатите бранители во конфликтот во 2001 година.
„Поканата од градоначалникот на Битола да бидам денеска гостин на Битола за мене како бранител на Македонија претставува огромна чест и големо задоволство. Мојата покана и желба за обединување на сите бранители во една организација, во едно здружение кое ќе ги штити правата на бранителите, на нивните семејства и сега ќе ја изразам и ќе дадам една замолница до сите кои што се трудат сакајќи да ги однесат бранителите во други води што е на штета на сите бранители, ќе се трудам колку што ќе можам да ги соберам, да ги седнам на една маса, да ги расчистиме проблемите и да видат дека ние сите сме заедно со една цел: Македонија. Се друго е неважно, се друго е личен интерес“, изјави Јохан Тарчуловски.
Посетата на општина Битола продолжи со прошетка по Широк Сокак, средба со граѓани и средба со спортистите и навивачката група Чкембари. Денешната посета на Битола заврши со средба на Јохан Тарчуловски со митрополитот преспанско пелагониски г.Петар.