Европско јуниорско првенство во тенис во Битола

Европско јуниорско првенство во тенис во Битола

Најавените проекти за време на изборната кампања се реализираат. Битола станува спортски град. Покрај бројните проекти кои се реализираат за подобрување на условите за спортување, Битола е домаќин и на голем број други настани од европски карактер. Денес во оваа општина започна европското јуниорско првенство во тенис.
„Учесници на ова европско јуниорско првенство во тенис се 11 земји со вкупно 62 учесници – тенисери и тенисерки. Учесниците се во категорија до 16 години. Се надевам дека и оваа година успешно ќе го реализираме овој настан, изјави Златко Павловски, претседател на ТК Битола.
Покровител на овогодинешното европско првенство во тенис е  Градоначалникот на општина Битола М-р Владимир Талески кој и го отвори првенството:
„Покрај што го поддржуваме тенискиот клуб од Битола, континуирано вложуваме и во создавањето на подобри услови за спортување. Токму затоа инвестиравме и во изградба на три нови тениски игралишта кои верувам дека во идниот период ќе се користат за подготовки за натпревари од токму ваков карактер, изјави Градоначалникот на општина Битола М-р Владимир Талески.