18 Регионалните спортски игри за пензионери за прв пат во Битола

18 Регионалните спортски игри за пензионери за прв пат во Битола

Градоначалникот Владимир Талески присуствуваше на отварањето на регионалните спортски игри, на кои домаќин беше Здружението на пензионери на Општина Битола со подршка на општината. На овој настан учествуваа пензионери од пензионерски здруженија од пет општини.

Денеска во Битола се одржуваат 18 – те регионални спортски игри за пензионери. За прв пат оваа година организатор на игрите е Здружението на пензионери од Битола, а учествуваат пет општини со вкупно 6 екепи. Натпреварот се одвива во 22 дисциплини, а победниците ќе учествуваат на Републичкиот натпревар во спортски игри за пензионери.
Претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, Драги Аргировски ја нагласи големата важност на ваквите спортски игри за луѓето во третата доба. Претседателот на Здруението на пензионери од Битола, Томе Илиоски го изрази своето задоволство од организацијата на еден ваков настан со кој позитивно се влијае врз натпреварувачкиот и спортскиот дух на пензионерите.
Градоначалникот на општина Битола, М-р Владимир Талески им посака среќа на натпреварувачите изразувајќи искрена желба Битола да биде домаќин и на Републичкиот натпревар во спортски игри за пензионери.