СО СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНОТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

СО СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНОТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Во народниот театар Битола се одржа свечена академија по повод чествувањето на патронот на Универзитетот Св. Климент Охридски“. На свеченоста присуствуваше владина делегација предводена од премиерот, Никола Груевски, Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, ректорот на битолскиот универзитет проф. д-р. Златко Жоглев, ректорот на скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р. Ѓорѓи Мартиновски и бројни гости од други универзитети од земјава и странство. На премиерот Никола Груевски му беше врачена статуа Св. Климент Охридски.