Општина Битола организира традиционален коледарски оган по повод Божиќните празници Бадник-Коледе на Плоштадот Гоце Делчев. Меѓу присутните граѓани беше и Градоначалникот Талески.
Спонзори:: Националниот парк Пелистер и Шумското претпријатие кои ги донираат дрвата за огнот, Лозар донира вино кое се делеше на граѓаните, а исто така имаше и посен грав од Општината.