БИТОЛА ДОМАЌИН НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО

БИТОЛА ДОМАЌИН НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Овие два дена во  Битола се одржува меѓународната конференција за претприемништвото во високото образование, на која домаќин е Универзитетот “Св. Климент Охридски” од Битола. На оваа конференција учествуваат експерти од 20 универзитети од земјите кои не се членки на ЕУ.
Конференцијата ја организираа Министерствата за образование и економија во Владата на РМ, Општината Битола и Ректорската управа на универзитетот “Св. Климент Охридски” од Битола
Присутните ги поздрави Градоначалникот Талески кои ги истакна проектите и активностите кои општината ги реализира во делот на претприемништвото преку Бизнис Инкубаторот за мали и средни претпријатија.