КОМЕМОРАЦИЈА НА ФРАНЦУСКИТЕ ГРОБИШТА ВО БИТОЛА

КОМЕМОРАЦИЈА НА ФРАНЦУСКИТЕ ГРОБИШТА ВО БИТОЛА

 

   Амбасадите на Германија и Франција во Македонија по четврти пат заедно прават комеморација за жртвите од Првата светска војна.  Амбасадорите на двете држави истакнаа дека заедничкото чествување на двете некогашни завојувани страни е доказ дека Европа се темели врз помирување и разбирање, а тоа да биде пример и за Македонија и Грција.
Покрај амбасадорките и нивните воени атешеа на Француските гробишта во Битола, на комеморацијата присуствуваа и се поклонија на споменикот на загинатите француски војници, Градоначалникот Владимир Талески, амбасадори на десетина земји кои се во Македонија, евро-амбасадорот Ерван Фуере, почесните конзули во Битола, битолските пратеници,претставници од кабинетото на претседателот Иванов, воени атешеа, претседателот на француските ветерани и други лица од јавниот живот на Битола.