ЌУМУРНОТО ИГРАЛИШТЕ ЌЕ ДОБИЕ ВЕШТАЧКА ТРЕВА

ЌУМУРНОТО ИГРАЛИШТЕ ЌЕ ДОБИЕ ВЕШТАЧКА ТРЕВА

Ќумурното игралиште во Битола е дел од проектот на ФФМ со кој 10 игралишта во Република Македонија ќе добијат вештачка трева. Општината го предложи овој терен од причина што поради големиот број термини тешко беше да се одржува со природна трева. Во моментот во тек се активностите за подготовка на теренот:
„200.000 евра одделува ФФМ за вештачката трева која што тие ќе ја постават овде, а над 80.000 евра вложува општината за подземната инфраструктура. Ова е една голема инвестиција за која над две третини од финансиските средства ги обезбедува ФФМ и благодарни сме што и Битола има едно од тие десет игралишта. Како што ветивме, нашите интервенции во спортските објекти продолжуваат. Дел интервениравме со ситни корекции на стадионот, како и во спортската сала каде што фазно продолжуваме со интервенции. Имаме нови тениски игралишта, нови спортски сали, а следната градежна сезона се надевам дека ќе почнеме и со реализација на проектите за спортски сали и во основните училишта. Во моментот правиме анализа и за тоа која е најдобрата варијанта за изградба на фудбалскиот стадион, така што тоа трае и неможе да се реши одеднаш. Се изнаоѓа варијанта, затоа што во поново време има и други можности на кои што можат да се градат стадионите, така што со проектантите деновиве ќе се одлучиме која ќе биде дефинитивната верзија. Тоа е еден покрупен зафат, но и тоа ќе го реализираме. Исто така, имаме заинтересиран инвеститор кој веќе ги искористи поволностите и инвестира во касарната, а истовремено покажа интерес да разговара со своите партнери, така што верувам дека следниот тендер ќе имаме среќа да се пријави некој и да го направиме и покриениот базен, изјави градоначалникот на општина Битола. Д-р Владимир Талески.