ЗАТВОРЕНО 30 ЈУБИЛЕЈНО ИЗДАНИЕ НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ „БРАЌА МАНАКИ“

ЗАТВОРЕНО 30 ЈУБИЛЕЈНО ИЗДАНИЕ НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ „БРАЌА МАНАКИ“

 

   Како што доликува на еден филмски фестивал, во присуство на покровителот Претседателот на РМ д-р Ѓорѓе Иванов свечано беше затворено 30-то јубилејно издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“.
Специјалната награда „Златка камера 300“ ја доби оскаровецот Били Вилијамс.
Мала „ Златна камера 300“ за најдобар директор на фотографија му се додели на Никола Болдук  и Педро Пире .
Присутните ги поздрави и Градоначалникот Талески кој уште еднаш го изрази своето  големо задоволство што сонот да се врати фестивалот во потполн сјај во Битола се исполни, а Битола се покажа како град на културата кој живееше со фестивалот.