Градоначалникот Талески прими делегација од Маркам, Канада

Градоначалникот Талески прими делегација од Маркам, Канада

 

   Градоначалникот Владимир Талески прими делегација на македонската заедница од градот Маркам, Канада и митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски, г. Петар. Македонските иселеници од Маркам, Канада, покренаа иницијатива, која е прифатена и реализирана, две улици во овој град да ги носат имињата Битола и Даме Груев. Исто така, македонските иселеници од Маркам, Канада, покренаа иницијатива за збратимување на Битола со Маркам.