МИНИСТЕРОТ ЏЕРИ НАУМОВ ЈА ПОСЕТИ БИТОЛА

МИНИСТЕРОТ ЏЕРИ НАУМОВ ЈА ПОСЕТИ БИТОЛА

Министерот задолжен за странски инвестиции во Владата на Република Македонија, Џери Наумов денеска ја посети Битола и оствари средба со Градоначалникот М-р  Владимир Талески. На средбата беа присутни и претставници од Социо-економскиот совет како и стечајни управници на некогашните познати битолски фирми се со цел министерот да ја согледа социо економската ситуација во градов и целосната слика на стопанството во Битола.
„Со оваа средба уште еднаш ги разоткриваме потенцијалните можности и вредности во смисла кои се, дали ги има и во колкава мера, се со цел подобро фукционирање во областа на битолското стопанство“-рече Градоначалникот Талески на денешната средба.
По средбата Министерот Џери Наумов и Градоначалникот на Општина Битола, М-р Владимир Талески најавија посета на битолската фирма Цермат.