БИТФЕСТ: ГОСТУВАЊЕ НА НТ АНТОН ПАНОВ СТРУМИЦА

БИТФЕСТ: ГОСТУВАЊЕ НА НТ АНТОН ПАНОВ СТРУМИЦА

 
Во рамките на Битолско културно лето Битфест настапи и Народниот театар Антон Панов од Струмица со претставата „Подземје“ на Христо Бојчев.
Оваа „апсурдна“комедија на Христо Бојчев е преведена на повеќе од 10 јазици и досега доживеала повеќе од 20 изведби со различни верзии и наслови.Оваа комедија во која се испреплетуваат елементи на апсурд, фантастика, алегорија и сатира претставува „ода“ на вистинските вредности како љубовта, надежта и вербата во животот, категории кои се изгубени под експанзијата на глобалниот капитализам.
Режијата е на Деан Дамјановски. Претставата беше изведена во Народен театар Битола и побуди интерес кај присутните битолчани.