БИТФЕСТ: ПОЕТСКА ВЕЧЕР СО НИКОЛА МАЏИРОВ

БИТФЕСТ: ПОЕТСКА ВЕЧЕР СО НИКОЛА МАЏИРОВ

Битолчани уживаа во поетската вечер со Никола Маџиров, но и актерите Митко С. Апостоловски и Верица Недеска Трајкова. Културниот центар Магаза каде се оджа овој настан во рамките на Битолско културно лето, беше преполн битолчани, вљубеници во пишаниот збор и почитувачи на делото на Маџиров.
Никола Маџиров е еден од најценетите поети на денешницата, многупати наградуван во земјава и надвор. Неговата поезија е преведена на повеќе јазици и објавувана е во неколку избори и антологии на македонската поезија.