Дворот на битолската магаза повторно беше исполент со млади, убави, насмеани и среќни лица претставувајќи ја секој својата организација пред посетителите и туристите во конзулскиот град.
Together- Македонија, повторно, и ова културно лето беше дел од програмата на БИТ ФЕСТ 2015 со свој проект кадешто на граѓанските здруженија им даде шанса да ја промовираат и продадат на најдобар начин својата успешна приказна за работата и делата на организацијата.