Градоначалникот на општина Битола д-р. Владимир Талески, денес додели 34 решенија за легализација на бесправно изградени објекти. Вкупниот број на поднесени барања изнесува 12.557, од кои над половина, односно над 6 илјади се веќе завршени – легализирани.
„Сите оние граѓани кои што имаат доставено барања за легализација на своите објекти, а немаат доставено елаборати, рокот е до 31 декември 2015 година. Доколку не достават елаборати до тој период ќе имаат проблем со легализација на своите објекти“ истакна градоначалникот Талески.