Акцијата за собирање отпадни пластични шишиња ДЕНАР ЗА ШИШЕ се реализира за време на викендот од 24 до 25 март , од 10 до 14 часот на 4 собирни пунктови и тоа кај : Оу Тодор Ангелевски, кај ОУ Климент Охридски, пред Веро (нас.Ремо) и пред Центарот за социјални грижи.Општина Битола ја спроведе оваа кампања по вторпат а во рамките на големата пролетна Акција НЕКА БИДЕ ЧИСТО -ПРОЛЕТ 2007. Како и минатата година, и оваа интересот меѓу граѓаните беше огромен и се собраа над 150 000 отпадни пластични шишиња . Акцијата беше иницирана од Градоначалникот на Битола, Владимир Талевски кој во саботата го посети собирниот пунктот пред Центарот за социјални грижи и уште еднаш потенцира дека Општината на овој начин покрај тоа што директно придонесува за почист град се труди да ја подигне јавната свест за зачувување на животната средина.