ОТВОРЕНА СУВЕНИРНИЦА ВО БИТОЛА

ОТВОРЕНА СУВЕНИРНИЦА ВО БИТОЛА

Репрезентативниот објект наменет за продажба на сувенири и промотивни материјали денеска свечено беше пуштен во употреба во општина Битола. Објектот е дел од програмата на Владата за унифицирани објекти со кои се збогатува туристичката понуда на општините.
„Досегашните анализи на Министерството за култура покажуваат дека поставувањето на вакви објекти значително ја подобрува и ја збогатува туристичката понуда на една општина и во таа насока се надевам дека Битола, како и другите градови каде што се поставени вакви објекти: Скопје, Охрид, Крушево, Берово итн ќе се здобие со уште еден туристички потенцијал кој навистина ќе придонесе кон дополнителна промоција на македонските и битолските културни вредности. Во оваа прилика би сакал лично, во мое име и во име на Министерството за култура да му се заблагодарам на градоначалникот Талески за ефикасноста и брзината на одговорот на општина Битола по однос на барањето на Министерството за култура за поставување на овој објект, што е од клучно значење, изјави Дарко Стефановски, државен секретар во Министерство за култура.
Во Битола предвидено е поставување на уште еден ваков објект, а во идниот период предвидено е збогатување на понудата со археолошки артефакти, публикации и промотивни материјали како капи маици и сл.
„Прво, честитки за сето ова што експресно се направи до Министерството и Завод и Музеј. Нашата поддршка ќе ја имаат секогаш. Во Битола на многу места има нешто значајно, нешто историско. Археолошки наоди имаме од неолитот до денеска, речиси секаде каде што имаме некоја интервенција наоѓаме по нешто значајно. Овде ќе се презентираат значајни работи не само од Битола, туку од цела Република Македонија. Знаете дека повеќе проекти заеднички ги водиме. Се разбира, очекувам идниот период, како што е и одлуката на Владата на Република Македонија, голема поддршка како и досега од Министерството за култура за развој на Филмскиот град Битола. Убеден сум дека ќе соработуваме и за опремувањето на Киното на Браќата Манаки кое е во фаза на обнова“, изјави д-р Владимир Талески, Градоначалник на општина Битола
Во сувенирницата ќе има повеќе материјали кои ќе ја промовираат Битола, нејзината историја и културни богатства.