Битолскиот мотокросист Христијан Илиевски –Кико на мороцикл “хонда“ уште еднаш докажа дека останува “крал на тркалата“, како што го нарекоа грчките медиуми. Кико победи со голема предност во својата конкуренција МХ2 оставајќи ги далеку зад себе своите конкуренти. Илиевси, миленикот на битолската публика на повеќе од 3.000 љубители на овој спорт, крај патеката “Смолево“ кај Битола, им приреди одлична забава, изведувајќи акробации на скоковите, каде неговите сопарници едвај поминуваа.
Во класата МХ1 победи Гоце Томовски на мотор “хонда“ пред Благојче Спировски и Никола Гулевски, а во конкуренција МХ3 победи Никола Тодоров, пред својот клубски другар Борче Костов.
Во трката каде се натпреваруваа најмалите победи Адријан Ристевски член на Мотостарс од Битола.
Мото трка од шампионатот на Македонија ја организираше мотоциклистичката федерација на Македонија во соработка со МК Мотостарс од Битола, а под покровителство на Општина Битола, “Цермат“ и “ЛТД“.