ШАМПИОНОТ ВО МОТО КРОС НА ПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ

ШАМПИОНОТ ВО МОТО КРОС НА ПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ

Градоначалникот Талески го прими во својот кабинет Христијан Илиевски кој е првиот битолчанец кој ја освои титулата, шампион на источна Европа во мото-крос.
На ревијалниот мото-крос во Грција, Илиевски по 15 победи на трки во еден ден е прогласен за “Крал на тркалата“. А во Софија му е врачена титулата шампион на Источна Европа во мото-крос во конкуренција до 250 кубни сантиметри.