ПАЦИОТО ВО ЗАВОД И МУЗЕЈ СО НОВ ЛИК

ПАЦИОТО ВО ЗАВОД И МУЗЕЈ СО НОВ ЛИК

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска во придружба на координаторот на ТИКА, Махмут Чевик ја промовираа реконструираната внатрешна фасада на музејот што претставува дел од Владиниот проект за обнова на фасадите о старите градски јадра.
„Фасадата го доби автентичниот изглед со автентичната боја што постоела на самиот објект. Следната година, во согласност со приоритетите на НУ Завод и музеј ќе се продолжи со реновирање на други фасади во Битола и ќе се реализира проект за реконструкција на Јени – џамија, изјави Канческа Милеска.
Градоначалникот Талески најави дека и локалната самоуправа ќе учествува во обновата на зградата на заводот и музеј, а општината во идниот период ќе преземе повеќе активности за афирмација на овој проект со што ќе се придонесе за зголемување на посетеноста на градот со гости од Турција.
За време на посетата на министерката Канческа Милевска на Битола беше промовиран и нов простор за култура – „Нова сцена“ која заедно ќе ја користат националните установи Народен театар и Центар за култура. Просторот е реконструиран со средства на Министерството за култура, а дел од настаните на претстојното битолското културно лето „Бит-фест“ ќе се одржуваат токму на овој простор.