НАЈАВЕНО 33 –ТО ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ “БРАЌА МАНАКИ” 2012

НАЈАВЕНО 33 –ТО ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ “БРАЌА МАНАКИ” 2012

Овогодинешното 33-то издание на Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки” ќе се одржи од 15 до 21 септември. На денешната прес-конференција, директорката на фестивалот и градоначалникот го открија лауреатот кој ќе ја добие наградата Златна камера 300 за оваа година, а тоа е Лучано Товоли, еден од најголемите кинематографери. Зад себе има плодна кариера, а соработувал со плејада најзначајни италијански и светски режисери. Она што е значајно за овој фестивал е тоа што за прв пат ќе се отвори и затвори со македонски филмови. „Трето полувреме” на Дарко Митревски ќе го отвори фестивалот, а „Балканот не е мртов” на Александар Поповски ќе го затвори. Дел од сцените на овие два филма се снимани токму во Битола.
Годинешното издание на „Браќа Манаки” ќе биде значително подобрено и на техничко ниво.
Фестивалската програма ќе се знае за две недели, кога завршува рокот за пријавување на филмовите во неколкуте програмски делови.