Европската Бизнис Асемблеjа од Велика Британија, односно Сократ Комитетот, на 19ти декември едногласно го додели највисокото интернационално годишно признание “Најдобра Општина” на Општина Битола и “Најдобар Градоначалник” на д-р Владимир Талески, градоначалник на Општина Битола. Признанието беше доделено во свечената сала на Општина Оксфорд во присуство на голем број ( високи )интернационални гости.
Ова престижно признание се доделува со номинирање врз основа на претходно препознавање на репутацијата на градот, ефективното управување , постојаниот раст и развој како и атрактивноста за туристите.
———————————-
* Градоначалникот д-р Владимир Талески и Општина Битола беа избрани врз основа строги критериуми на Европката Бизнис Асемблеја и направените опсежни анализи според следните критериуми:
– Нивото на задоволството кај граѓаните
– Социјалната и политичката стабилност
– Економското опкружување ( регулативи, даноци, олеснувања…)
– Социо- културниот развоја и програмите за поддршка
– Образование, здравство и социјала
– Меѓународна соработка
– Јавни услуги и транспорт, инфрастуктура, сообраќај
– Рекреација и забава
– Општинските административни методи
Првичните информации за градоначалнитот и Општина Битола биле прибирани по пат на социолошки истражувања базирани на национални и интернационални статистички податоци, препораки од специјални национални и интернационални авторитети, организации, фондации и асоцијации, продлабочени медиумски содржински анализи, интернационално рангирање на градовите ( според ЕIU, Mercer и сл ) како и годишната експертиза на членовите на Сократ комитетот при Европската Бизнис Асемблеја )
Наградата се состои од личен трофеј/медал за градоначалникот со Swarowski кристали, диплома и скулптура изработена од лондонскиот јувелир Алфред Виниецки која симболизира напорна работа и високи достигнувања.