Во организација на Општина Битола и Градоначалникот Владимир Талски, а во соработка со македонската православна црква, Битола по четврти пат го одбележа патрониот празник на градот. Во чест на овој голем ден беа организирани повеќе активности. Со изложба на битолските занаетчии членови на регионалната занаетчиска комора, обраќање на Градоначалникот Владимир Талески и митрополитот преспанско пелагониски и администратор австралиско новозеландски Г.Петар до присутните битолчани и верници, по што следуваше мултимедијалниот проект насловен како „Молитва за Битола“. Во проектот се испреплетуваат, театарот, музиката, видеото и визуелната уметност, а присутните имаа можност да слушнат делови од житието на Св. Нектариј Битолски напишано од Монах Павле од Лавра, сето тоа поткрепено со црковна музика изведена во живо од страна на машкиот, женскиот и детскиот хор Св.Нектариј како и современиот Битолски хор Бутелион кој долго време ја негува духовната музика. Помеѓу настапите на четирите хорови како кратки проекции беа прикажани делови од црковни мотиви снимани во Битолските цркви монтирани со документарен материјал од минатогодишните чествувања на Св.Нектариј Битолски, заштитникот на градот.
Материјалот кој е дел од снименото ЦД беше промотивно поделен на присутните. Целта е со присуството во домовите на верниците да придонесе кон што поблиско запознавање со животот и делото на заштитникот на Градот Битола.