НОЌ НА ИСТРАЖУВАЧИ 2010-ОТВОРЕНИ ЗА НАУКА

НОЌ НА ИСТРАЖУВАЧИ 2010-ОТВОРЕНИ ЗА НАУКА

Во организација на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, како координатор.Агенцијата за електронски комуникации, Скопје, Меѓународниот одбор за меѓународна размена на студенти од техничките науки- ИАЕСТЕ, Локален комитет Битола и Општината Битола, се одржа пан –Европската манифестација поддржана од Европската комисија „Ноќ на истражувачи 2010“ на плоштадот „Магнолија“.
Македонија   се придружи на европското семејство и беше една од 32-те земји во кои на 24-ти септември се организира „Ноќ на истражувачите“, а Битола еден од 200 градови во кои ќе се одржи ова манифестација. Земјите во кои се организира „Ноќ на истражувачите“ меѓу другите се: Велика Британија, Португалија, Шпанија, Франција, Италија, Швајцарија, белгија, Холандија, германија, Данска, Шведска, Норвешка, Финска, Чешка, Аустрија, Словенија, Исланд, Грција, Бугарија, Романија, Словачка, Полска, Литванија, Естонија, Летонија, Хрватска, Србија.
        Целите на проектот се да се промовира кампањата „Отворени за наука“, да се насочи вниманието кон истражувачите и да се покаже дека тие се обични луѓе, како и луѓето со други професии, но со иновативна работа која допринесува до општествен и економски развој.