Новиот амбасадор на Република Грција во Република Македонија на средба со Градоначалникот на Општина Битола М-р Владимир Талески

Новиот амбасадор на Република Грција во Република Македонија на средба со Градоначалникот на Општина Битола М-р Владимир Талески

Новиот амбасадор на Република Грција во Република Македонија Харис Лалакос денеска оствари средба со Градоначалникот на Општина Битола М-р Владимир Талески. На средбата амбасадорот изрази надеж за понатамошно успешно продолжување на пограничната соработка:

„За мене ова е прва официјална посета надвор од Скопје каде што сум повеќе од 1 месец и е приородно на оваа прва официјална посета надвор од Скопје да сум во Битола втор по големина град, после Скопје и седиште на единствениот конзулат на Р.Грција.

Посебно сме задоволни од пограничната соработка  во делот на  економската соработка и инвестициите на грчките бизисмени што ги направиле овде во регионот  и се надеваме дека оваа соработка која е многу позитивна ќе продолжи“, изјави Харис Лалакос, амбасадор на Ребублика Грција во Република Македонија.

На средбата се разговараше за повеќе идни планови и проекти.

„Ми се допаѓа позитивната енергија која што амбасадорот ја донесе овде заедно со нашата конзулка која што веќе е во Битола, затоа што за нас е најважно да се динамизира соработката меѓу општините. Се договоривме дека и тие ќе посредуваат за проектите кои треба да го динамизираат економскиот развој. Со надминувањето на економската криза очекуваме и нови инвеститори од Грција“, изјави Градоначалникот на општина Битола М-р Владимир Талески.