Пуштена во употреба соларна електрана

Пуштена во употреба соларна електрана

 

Во близина на битолското село Егри, денеска свечено беше пуштена во употреба соларна електрана со моќност од еден мегават. Фотоволтаичната централа има моќ и при лоши временски услови да произведува еколошка енергија, а единствено потребна и е светлина. Инвеститор е Торпедо Солар ГТ Битола со поддршка на Капитал банката, а Општина Битола овозможи поволности за инвеститорите ослободувајќи ги од надомест за комуналии.
„Кога целокупната регулатива постоеше и со одлуката на Општина Битола дека ваквите објекти се ослободуваат од давачки за инфраструктурно уредување користејќи го моето знаење и знаењата на господинот Герзовски од аспект на бизнисот се одлучивме за една ваква инвестиција, изјави Проф д-р Љупчо Трпезановски, еден од основачите.
Градоначалникот на Општина Битола, м-р Владимир Талески најави дека ваквата одлука ќе биде бенефит и за идните инвеститори
„Не им побаравме никакви даноци за инфраструктура, бидејќи овде не е потребно ниту пат, ниту канализација, ниту водовод и се надевам дека и за во иднина ќе важат овие услови за ваквов вид инвестиции.”- изјави м-р Владимир Талески градоначланик на Битола.
Соларната централа е изградена од Соларпро холдинг, системски интегратор на соларни системи во Бугарија, со вкуно изградени 32 соларни електрани со вкупен капацитет од 86 мегавати. Од компанијата гарантираат 99% работоспособност на електраната во период од 20 години. Ваквите електрани даваат и голем еколошки бенефит, што е во согласност со обврската на нашата држава за влог во обновливи извори на енергија согласно барањата на Европската унија.