Градоначалникот Талески и Претседателот на МАНУ, Ѓорги Старделов во холот на Гимназија „Ј.Б.Тито” во Битола, со пригодна свеченост ги открија уште 4 портрети на академици кои се школувале во училниците на ова престижно средно училиште.
Во гимназијата „Јосип Броз Тито” беа промовирани портертите на академиците: Димче Коцо, Љубен Лапе, Александар Христов и Живко Попов.