ДОДЕЛЕНИ 23 НОВИ РЕШЕНИЈА ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИ ВО ОПШТИНА БИТОЛА

ДОДЕЛЕНИ 23 НОВИ РЕШЕНИЈА ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИ ВО ОПШТИНА БИТОЛА

 

Градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески денеска врачи 23 нови решенија за легализација на дивоградби на територијата на општина Битола. Со новоиздадените вкупниот број на издадени решенија изнесува над 3000.
„Во нашата општина имаше над 12 500 барања за легализација на дивоградби од кои околу 3000 се решени и имаат добиено решенија, 6000 се во постапка, а околу 3500 во моментот не се стекнале со такво право заради нерешени проблеми со сопственоста, но се надевам дека доколку успеат да извадат елаборати и да ја комплетираат својата документација, верувам дека и со нив ќе решиме едно важно прашање. Сметам дека оваа можност за граѓаните на Република Македонија донесе многу убави и поволни услови за легализација на нивните објекти“, изјави Градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.
Со голема радост граѓаните на општина Битола денес ги примија решенијата за легализација. Со врачувањето на ова решение за нив почнува една нова животна страница исполнета со поголема сигурност.
„Изразувам голема благодарност до Градоначалникот и Владата со нејзината иницијатива за легализирање на овие дивоградби. Ова е убава можност да се почувствуваме сите рамноправни и целосно да можеме да стопанисуваме со своите објекти“, изјави Благој Јовановски.
„За нас се исполни долгоочекуваното благодарение на Градоначалникот Владимир Талески и Законот. Она што мислевме дека никогаш нема да го оствариме денес го остваривме и станавме сопственици на она што сме го изградиле некогаш – пред точно 40 години. Денес тоа е наше“, изјави Ристо Јаневски.