НОВ ПАРКИНГ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ

НОВ ПАРКИНГ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ

 

Општина Битола во центарот на градот започна уште еден значаен  инфраструктурен проект. На просторот спроти зградата Обител се уредува нов паркинг простор за 50 возила и тротоар за пешаци. Изградбата на паркингот за косо паркирање под 45 степени ќе биде поплочен со перфорирани бехатон плочки зазеленети со природна тревна површина. Паркингот ќе го замени досегашниот неуреден тротоар кој беше со искршен и уништен асфалт. Предвидено е изградбата да заврши до крајот на месецот со што конечно ќе се надмине проблемот со паркирањето во овој дел на градот.